Австралиската министерка за внатрешни работи Карен Ендрјуз рече дека Новак Ѓоковиќ може да ја напушти Австралија кога ќе посака. Притоа таа ги отфрли обвинувањата од семејството на српскиот тенисер дека „австралиската Влада го држи Новак во заробеништво“.
Ѓоковиќ не е затвореник во Австралија. Тој може да ја напушти земјата во било кој момент, а официјални гранични лица ќе му помогнат во тоа, изјави Ендрјуз во разговор за „Еј-Би-Си“.
Ендрјуз додаде дека граничните служби проверуваат случаи со други тенисери кои се влезени во земјата врз основа на слични причини за исклучок за задолжителна вакцинација како Ѓоковиќ.
Првиот светски рекет е сместен во хотел „Парк“ во Мелбурн, наменет за бегалци и баратели на азил, додека австралиските власти се обидуваат да го депортираат.