По победата на турнирот во Дубаи, Новак Ѓоковиќ се врати во Србија и слободното време го искористи за да го помине со својата сопруга Јелена.
Тие одлучија времето да го поминат во планинарење, ја искористија можноста да заминар во Ртањ каде за нив готвеше шефот на кујната во хотелот Рамонда, Милош Ристиќ, кој открива кои беа омилените јадења на српскиот тенисер.
– Една од главните каракетристики на хотелот Рамонда е личната услуга за секој гостин. Сите гости добиваат ВИП третман. Така беше и со Новак и Јелена, ни беше чест да ги служиме. Како и сите успешни спортисти, семејството Ѓоковиќ се храни здраво и квалитетно. Нашата цел беше да ги задоволиме нивните барања, но и да им ги приближиме специјалитетите од овј крај. Уживаа во нашите домашни производи како што се сармата, сармичките од зелка, ајвар, кисел купус но и останатите специјалитети. Тие уживаа и во природата , свежиот и чист воздух и во убавините на планината Ртањ – открива готвачот Милош Ристиќ.