Новак Ѓоковиќ можеби не е миленик на публиката, а особено не на онаа на Вимблдон, но тие што навиваат за него дефинитивно се најверните фанови.
Имено, во текот на двете недели на турнирот на Вимблдон, на Новак најверен навивач му беше една баба. Таа од првиот до последниот ден на турнирот навиваше за српскиот ас, а неговата слика ја носеше како икона.
Новак не остана имун на овој потег на бабата, па преку Инстаграм и испрати срца.