Српскиот тенисер, Јанко Типсаревиќ, стана татко по втор пат. Со сопругата Билјана го добија синот Ноа.
Радосната вест беше прославена во еден белградски ресторан, каде на мекици била целата српска тениска репрезентација, меѓу кои и светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ. На прославата биле: Лајовиќ, Краиновиќ, Троицки, Зимониќ…
-Пресреќен сум што со мене беа моите дечки – напиша Типсаревиќ на Инстаграм во прилог на фотографијата со друштвото.
Инаку, Јанко и Биљана ја имаат и ќерката Емили.