Хуберт Хуркач му правеше проблеми на Ѓоковиќ, но сепак српскиот тенисер се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, меѓутоа за време на нивниот меч вниманиепривлече и сцена од трибините.
Двете манекенки Кара Дeлевињ и Лиа Мејсон на моменти страсно се бакнуваа не криејќи ја својата љубовна врска. Многу често беа во фокусот на вниманието, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии од страсните бакнежи.
Останува да се види дали би можело да има реакција од организаторот затоа што на моменти дефинитивно ја минуваа и границата 18+. Досега ваква ситуација на неофицијалното тениско светско првенство не била забележана.