Ѓоковиќ играше на свадбата кај неговиот тренер (ФОТО)

by Тони Зографски

Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена беше на свадбата на неговиот тренер, Словакот Марјан Вајда во Братислава.

https://www.instagram.com/p/Bt9HQpjADTk/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Новак многупати истакнуваше дека Вајда му е многу повеќе од тренер па не е чудно што заедно со Јелена се најдоа меѓу гостите на свадбата на ќерката на Марјан, Никол. Нормално, најдобриот светски тенисер бил во центарот на вниманието.

Инаку, последнава година Ѓоковиќ и Вајда повторно работа заедно и како резултат на соработката Новак освои три грен слем турнири, Вимблдон, УС Опен и Австралија опен.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com