Новак Ѓоковиќ во интервју за „Њујорк тајмс“ ги опиша најтешките моменти во својот живот.
Имено, Новак и неговото семејство минале трнлив пат до ѕвездите, а неговиот татко Срѓан, жртвувал речиси сè за да му обезбеди на синот пристојни услови за да може да го негува и развива својот талент.
Новак се потсети на моментот за кој вели дека ќе му остане засекогаш во сеќавање.
„Десет германски марки, ги паметам тие десет германски марки кои беа сè што имавме. Тогаш татко ми Срѓан ни кажа дека мораме да се држиме заедно и да минеме низ најтешкиот дел од животот и да го осмислиме патот до целта. Тоа засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Многу влијателен момент во нашите животи“, се потсети Ѓоковиќ.
Тенисерот опиша и како изгледа неговата утринска рутина со сопругата Јелена во Монте Карло.
„Стануваме рано, го носам синот во училиште, а се подготвуваме со скокови во кујната. Потоа го гледаме изгрејсонцето. Ќе се прегрнеме, ќе пееме и потоа вежбаме малку јога“, раскажува Ѓоковиќ.