Најбараниот хрватски бегалец, алфата и поранешен директор на загрепски Динамо, Здравко Мамиќ застана во одбрана на српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кого во последно време го распнаа сите за „Адрија турот“, кој заврши предвреме поради појава на коронавирус од кој заболе и самиот Ноле.
„Сакав нешто да напишам уште кога се појавија критиките, но едноставно не сакав да им дадам шанса на кретените да коментираат и да се изживуваат со тоа свето презиме. Ама имам една порака кон сите кои негатовно зборуваат за Новак и неговата сопруга, прво пред да почнат да зборуваат да ја дезинфицираат устата. Она што Ѓоковиќ го има постигнато заслужува да стои во став мирно секој оној кој го изговара неговото име и презиме“ вели Мамиќ. “, објави Мамиќ.