Братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе и неговата избраничка Сашка Веселинов се венчаа денес во Црквата Свети Марко во кругот на најблиските од семејствата и пријателите.
Младоженецот со своето семејство први стигнале пред црквата, а потоа и семејството Веселинов. Невестата избрала гламурозна бела венчаница, а кога се појавила на сите им застанал здивот.
Новак за оваа свечена прилика одбра тегет одело, додека Јелена облече бела кошула, крем панталони и крем сандали на висока потпетица.
Набрзо со комбе пристигнаа родителите, таткото Срѓан и мајката Дијана, која за оваа пригода одбра долга кралско-сина кошула.
Младата цело време била насмеана, а на неа е огромната венланица со долг цел, која се влечел по земја.
Таа дошла во придружба на своето семејство, но и својот куќен миленик, папагалот кој го има од својата трета година. Таа го бакнала пред да влезе во црквата и со тоа ги изненадила сите присутни.