Новак Ѓоковиќ со својот стручен штаб во последен момент ја напушти Америка, откако претседателот на САД, Доналд Трамп реши да ги забрани сите летови за влез од Европа и Африка поради ситуацијата со коронавирусот.
„Го фативме последниот лет за Европа“, напиша Марко Паничи, кондицискиот тренер на најдобриот светски тенисер во моментов.
Инаку, поради алармантната ситуација со коронавирусот откажани се Мастерс турнирите од серијата 1000 во Индијан Велс и Мајами.