Новак Ѓоковиќ не можел да се исконтролира по победата на Србија против Португалија од 2:1 и директниот пласман на Светското првенство во Катар 2022.
Ѓоковиќ кој допрва треба да го одигра првиот меч на завршниот турнир во Торино, падна во транс по голот на Александар Митровиќ во 90. минута, па почна да вика на цел глас дека Србија оди на Мундијалот во Катар.
Ѓоковиќ самиот долови како ја прославил големата победа на Србија во Лисабон, а неговата реакција експресно ја проследија сите српски медиуми.
Ноле со години наназад е најдобар амбасадор на Србија во цел свет, но наредната година, таква улога ќе имаат и фудбалерите кои ќе ја претставуваат нацијата во Катар.
Pogledajte kako je @DjokerNole proslavio plasman fudbalera Srbije na @FIFAWorldCup #Djokovic #Orlovi pic.twitter.com/f8i5Ihyip2
— Sport Klub (@sportklub) November 14, 2021