Новак Ѓоковиќ освениот УС Опен го прослави заедно со кошаркарите кои од Мундобаскетот се вратија со сребрен медал, а на прославата најдобриот тенисер во светот беше и емотивен.
Ѓоковиќ едвај го одржа говорот и со потешкотии пронајде зборови за да им се обрати на присутните, а подоцна во интеврју за „Телеграф“ откри зошто бил толку емотивен.
– Ова не беше планирано, се поклопи во последен момент. Се што се случи во Њујорк беше брзо за мене. Остварив историски успех, а пристигнав во Белград поради семејни обврски и воопшто не требаше да бидам тука. Требаше да бидам во Шпанија на подготовки со Дејвис Купот, но набрзо ќе одам таму. Спонтано дојде до овој собир со кошаркарите и „баскетџиите“, им благодарам што ме повикаа на оваа прослава, бев на ист балкон со легенди кои се мои пријатели. Ја израдуваа цела нација со сребрениот медал, но повеќе со човечките вредности кои ги покажаа.
– Зошто толку солзи? Пред да излезам, почна песната на Београдски синдикат која е посветена за мене. Јас ја знам таа песна, но кога видов како сите кошаркари ги познаваат стиховите од песната и кога видов како пејат, за мене тоа беше премногу емотивно, – откри Ноле.
NAJVEĆI SVIH VREMENA! ❤️ pic.twitter.com/ScQ2ib9TXq
— B92 Sport (@b92sport) September 12, 2023