Новак Ѓоковиќ од освојувањето на Австралија опен не играше на тениските терени, но не можеше да ја одбие поканата на познатата холивудска актерка Шарлиз Терон.
Таа го покани да игра на хуманитарниот тениски турнир Desert Smash, при што сите собрани пари ќе одат за проектот Charlize’s Africa Outreach, кој им помага на младите во Јужна Африка.
Ѓоковиќ всушност беше изненадувањето на турнирот, придружувајќи им се на Шарлиз, музичарот Гевин Росдејл, актерката Ивон Орја и многу други.
https://twitter.com/i/status/1765234987413147818