Кралицата на попот Мадона во последно време на својот Инстаграм објавува многу бизарни фотографии и видеа, но овој пат изненади кога сними како лиже гитара.
Кралицата на попот клекна покрај гитарата, со едната рака го држеше инструментот додека се наведнуваше и го лижеше вратот на гитарата.
-Дали е можно да се заљубиш во својата гитара?, напиша таа со видеото.
Следеа многу коментари, повторно критикувајќи го однесувањето на Мадона.
„Што не е во ред со тебе?“, „Многу ме збунуваш со тоа што го правиш“, „Многу е тажно да се види Мадона како се обидува повторно да ги живее дваесеттите години“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, на доделувањето на Греми наградите, кое се одржа пред два месеца, пејачката ја шокираше јавноста со својот изглед по новите естетски корекции.