Докторот Горан Кунгуловски, кој како прв човек на „Биоинженериг“ и на лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во „Жан Митрев клиника“ ги направи првите генетски испитувања на новиот вирус ковид-19 кај нас, преку својот Фејсбук профил советува што треба да прават пациентите кои се на домашно лекување.
“Генерално, лекарите упатуваат апели до граѓаните, посебно оние коишто се на домашно лекување веднаш да реагираат доколку им се влоши здравствената состојба – за да може да се изреагира навремено.
Прашањето е, како би знаел обичен човек, па и неговиот матичен лекар, дека здравствената состојба на пациентот е влошена без правење на редовни крвни, биохемиски и имунолошки тестирања во текот на болеста. Утврдување на субјективни симптоми е недоволно, бидејќи луѓето имаат тенденција да лажат или да се надеваат на најдоброто или, пак, непотребно да паничат кога зборуваат за нивните симптоми.
Има градација на влошување на здравствената состојба и еден тип на влошувања (на почетокот) може да се контролираат, други не може. Многу често кога самиот пациент ќе почувствува дијаметрално влошување на состојбата е доцна и болеста веќе излегла надвор од контрола. Имуниот систем станува незауздан и речиси ништо не може да го сопре.
За тоа треба добра логистичка инфраструктура и организираност.
Ги поздравувам апелите, ама ми делуваат на она стандардното, македонското – илузорно да се направи нешто колку да се рече дека е направено, колку да стои документирано дека е направено.
Пациенти на домашно лекување со ковид-19 добро би било да:
- Мерат и следат температура.
- Купат пулс-оксиметар и мерат сатурација на кислород. Ако е под 9 отсто, веднаш да се реагира.
- Мерат дишење, ако е повеќе од 30 пати во минута, веднаш да се реагира.
- Следат притисок во гради.
- Имаат постојан контакт со лекар.