Холивудката глумица Сара Џесика Паркер одговори на сите кои ја критикуваат поради нејзиниот изглед.
Паркер е на насловната страница на Вог за декември 2021 година и во разговор одговорила на негативните коментари кои се појавија на социјалните мрежи по објавувањето на продолжението на серијата Сексот и градот.
Најчесто овие коментари биле фокусирани на возраста и изгледот на главните актерки, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.
„Имаше толку многу мизогински коментари на сметка на нашиот изглед кои никогаш не би биле упатени до ниту еден маж. Воопшто не знам што да им кажам на овие луѓе. Седа коса, седа коса, седа коса. Дали таа има седа коса? Седам со Енди Коен, а тој има глава полна со седа коса и никој не се прашува зошто “, рече актерката.
Таа додава дека е тешко да се справиш со коментари на социјалните мрежи бидејќи секој има што да каже. Посочува дека ги критикуваат или поради премногу брчки или затоа што другите колеги воопшто ги немаат.
„Изгледа дека речиси и не сакаат да бидеме во ред, без разлика дали ќе избереме природно стареење или не. Знам како изгледам. Немам избор. Што да правам со тоа? Да престанам да стареам? Да исчезнам ?” прашала таа.
Фото: Профимедиа