За да бидат сите патници среќни и задоволни, на крузерот “Symphony of the Seas” неделно се товараат 3.309 килограми сирење, 87 литри течен сапун, 3.360 шишиња бело и 2.776 шишиња црвено вино. Не е само тоа. На бродот за седум дена се носат и: околу 4.000 килограми домати – 2.449 килограми банани – 3.206 килограми риба – 861 килограм кафе – 10.680 хот-дога – 1.237 шишиња виски, скоч и рум – 46.800 јајца – 31.900 шишиња и 900 лименки пиво – 1.000 нови светилки – 30 телевизори – 10.272 ролни тоалетна хартија – 820 шишиња вотка – 21.000 корнети за сладолед.
Крузерот има 18 палуби, 22 ресторани, 40 барови, вклучувајќи и еден футуристички во кој роботи прават коктели. Места за седење во рестораните и баровите има за дури 5,189 луѓе. бродот има доволно соби и апартмани да прими 6.680 гости. Долг е 362 метри, а широк 65 метри. На самиот кров се наоѓа и импресивен воден парк, но и адреналински паркови кои меѓу другото нудат зип-лајн, качување по вештачки карпи, симулатор за сурфање и кошаркарски терени. На бродот се наоѓаат и 13.347 уметнички предмети и дури 52 дрва. Бродот има дури и импресивна концертна сала.
Интересно е дека крузерот е составен од дури пола милион одвоени делови.