Во последно време многу се зборува за пороците на Мелани Грифит, за кои цел Холивуд молчеше, а големо внимание им се посветува и на рацете на познатата актерка.
Имено, во многу ретки пригоди можеме да ја видиме Мелани без ракавици. Без разлика дали оди на трчање, во прошетка или на кафе со пријателките, таа секогаш носи ракавици со голи прсти. Тие ракавици ги покриваат само нејзините дланки, додека прстите ѝ се слободни.
Во ретките пригоди кога папараците ги фотографираа нејзините раце, можеме да видиме дека нејзините дланки се полни со модрици и темни кругови.
Американскиот доктор Габриел Миркин за Pressreader објасни дека тоа е типична процедура која го спречува срцевиот удар, а се работи за лица кои имаат проблем со тромбозата:
“Ова е вообичаена процедура која се применува кај пациентите на кои тромбот им тргнал или постои можност да тргне кон градите или срцето.
Инаку, Мелани зад себе има повеќедецениска борба со дрогата и алкохолот, па во една пригода изјави:
“Ги знам сите правила на трезвеност. Избегнувај дрога. Едноставно! Но, од некоја причина, тоа е многу тешко за мене.
Докторот, кој го коментираше случајот на Мелани Грифит за медиумите, смета дека историјата на алкохолизмот и зависноста од дрогата дополнително ја ставиле актерката во ризична група, па таквите пациенти треба да знаат дека здравјето е многу важно и дека животот мора да им се промени од корен.
Актерката минатите години често беше фотографирана како шета или вежба во теретана, а неодамна е видена како повторно пуши цигари, кои ѝ беа строго забранети.