Велигденските пости значат дека е време за телесно и духовно прочистување на организмот. Постот вклучува многу овошки, зеленчук, семиња, јатки, житарки и легуминози. Доколку досега не сте постеле, размислете за оваа опција, затоа што на овој начин се прочистувa и подмладува телото. Од време на време на нашиот организам му е потребен одмор од производите богати со масти.
Сепак за време на пост е важно да се внимава на балансираниот внес на протеини од растително потекло и да се намали внесот на јаглехидрати.
Виталиа препорачува:
Појадокот нека започне со мусли и овесни каши во комбинација со свежа овошка и бадемово млеко. Во сите оброци вклучете ги високо протеинските семиња: киноа, хељда, просо и нивните снегулки. Ручекот секогаш да биде направен од најмалку 3 различни растенија. На овој начин ги внесувате сите потребни нутритиенти за динамичен ден.
Што постигнуваме за време на постот?
Губење на килограми
Калориската вредност на храната од животинско потекло е драматично поголема од онаа кај растенијата. Со неколку дневна растителна исхрана се забележуваат позитивните промени во телесната маса. Овој процес на природно намалување килограми настапува затоа што комбинирајќи ги растенијата во еден оброк, даваме доволно нутритиенти на организмот иницирајќи согорување на вишокот масти и шеќери. Виталиа ви ги препорачува природните супи од: домат, брокула и мешавина зеленчуци за лесни и фит пости.
Намалување на лошиот холестерол
Покачениот холестерол е клучен ризик фактор за добивање срцеви болести. Заситените масти – најчесто најдени во месото, млечните производи и јајцата на директен начин го зголемуваат лошиот холестерол. За гурманите во овој период ги препорачуваме соините паштети со печурки, лук, пиперка и маслинка премачкани врз оризова или пченкарна галета.
Регулација на шеќерот во крвта
Правилниот пост вклучува користење на повеќе видови растителна храна како би се постигнал балансиран и здрав начин на телесно прочистување. По само 24 часа со посна храна настанува процес на прочистување и регулација на шеќери благодарение на богатиот внес од диетални влакна. Одличен извор на диетални влакна претставуваат ужинките во вид на житни барови, семиња од лен, сусам, тиква, сончоглед како и интегралните крекери со вкус на чили, домат, босилек и маслинка.
Виталиа Ви посакува вкусни, здрави и лесни пости.