Самонаречениот пророк од Јужна Африка, пасторот Ал Лукау со последно видео предизвика бурни реакции, особено на социјалните мрежи. Тој на неа прикажува како мртов човек на неговиот повик оживува, станува од ковчегот и се движи меѓу запрепастената маса луѓе.
По објавената снимка Лукау е пред тужба од група на тамошни погребални фирми кој сметаат дека се изманипулирани.
– Починатиот ниту бил во нашата мртвачници ниту имаме увид во неговата умреница,- реагираат од една од погребалните фирми.
“-Чуда не постојат, но очајните луѓе сакаат да веруваат во нив. Ваквите работи се измислени за да им се земат пари на несреќните луѓе, – соопштиле од Комисијата за заштита на културните заедници.
Инаку, настапите на Ал Лукау наликуваат на циркуско шоу. Започнувајќи од оркестар, па се до златен микрофон со циркони.