Фотографијата која е објавена на Твитер, а на која се гледа како дете седи на столче пред скалите од задниот запуштен влез на детското одделение во болницата во Нови Пазар и прима инфузија, предизвика бура негативни коментари на социјалните мрежи.
Сепак, министерот за здравство Златибор Лончар објасни за што се работи. Имено, девојчето нема корона и дека надвор и се пружа прва помош бидејќи има асма.
“ Девојчето нема корона, туку има асма и мораше да ја прими потребната терапија пред да замине за Краљево. Најбезбедно беше девојчето да не влегува во црвената зона во ковид болницата, па одлучивме првата помош да и се даде на најадекватен начин за да не се зарази-изјави Лончар за тв Пинк.