Дејвид Бекам заминал во Доха без сопругата Викторија и децата, и не штедел. Тој помина речиси една недела во хотелот со пет ѕвезди „Mandarin Oriental“ во Доха, кој се наоѓа во ексклузивниот кварт Мешеирб. Престојува во еден од поголемите апартмани, апартманот Baraha View, кој има своја трпезарија, приватен консиерж, надворешен двор, базен и теретана.
„Персоналот сакаше да го има овде и го викаа Сер Дејвид“ – вели извор од хотелот – затоа што тој е многу почитуван од сите. Другите гости не го гледаа многу бидејќи имаше прекрасен апартман кој е како хотел во хотел, што значи дека нема потреба да се меша со нив“.
Влегувал и излегувал од хотелот користејќи приватен излез во фоајето, па веднаш влетувал во лимузина со затемнети стакла.
За време на престојот во луксузниот хотел, Дејвид имал и личен готвач, а познато е дека му подготвувал јапонски Кобе стек и разни јадења со тестенини.