ШТО СЕ ЗА НЕГО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА: Роберто Кавали ѝ купи замок на 40 години помладата љубовница (ФОТО)

by Тони Зографски

Роберто Кавали (81) неодамна ѝ купил мал замок на својата 40 години помлада љубовница, Сандра Нилсен. Замокот од 11 век, изграден во времето на Викинзите, се наоѓа во Шведска, на приватен остров. Чини три милиони евра.

Дворецот е реновиран и има четири спални соби, дел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викингшка тврдина, пишува „Дејли меил“. Има и приватно пристаниште со траект кој може да прими 10 луѓе.

Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога тој се развел од сопругата во 2010 година, а заедно се наводно од 2014 година. Со неа Кавали, како што вели, го пронашол својот мир, таа е неговата муза и вистинска љубов и воопшто не се грижат за разликата во годините.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com