Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж си се возел и со скејтборд во Еквадорската амбасада. Видео запис од безбедносни камери се прошири на социјалните мрежи. Видеото е снимено за време на неговиот престој во амбасадата каде што беше од 2012 година сѐ до неговото апсење минатата недела. Видеото прво го сподели шпанскиот внесник „Ел Паис“.
Инаку, расправија околу порција јастрог во кревет, го чинеше Џулијан Асанж азил во амбасадата на Еквадор во Лондон. Според странските медиуми, азилот му го укина претседателот на Еквадор, Лениј Морено откако се појавија повеќе од 200 негови фоографии и пораки на кои се глада како ужива со сопругата во луксузни одмори низ Европа, со јастог во хотелскиот кревет. Тие фотографии предизвикале бес во Еквадор во моменти кога шефотна државата воведе мерки за штедење воо земјата. Морено го обвини Асанж дека стои зад објавувањето на овие фотографии, а тој пак демантираше, па Морено порача дека Асанж немал право да му го хакира приватниот телефон.