Мик Џегер во средношколските денови работел како продавач на сладолед, Гвен Стефани била чистачка во локален ресторан за брза храна, Ози Озборн запаботувал во касапница, Лејди Гага била келнерка во грчки ресторан, а Мадона продавала крофни. Пред да станат славни и богати, ѕвездите од музичката индустрија напопно работеле за да ппеживеат. Од своето минато не се спамат ниту македонските пејачи кои не секогаш имале привилегиран статус кој им овозможува полесна запаботувачка.
Пејачот Ѓоко Танески во младоста сменил повеќе професии. Пред дваесетина години работел како шанкер, келнер и таксист. Во една прилика призна дека добро се снашол на овие фронтови и дека и денеска не би се спамел повторно да го работи истото.
Неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис сменила и Анета Наковска.
– Прва работа ми беше во агенција за недвижности, за подоцна да работам во фирмата на моите родители. Се пробав и во книговодството, а работев и на шанк во кафеана која беше сопственост на моите родители. Бев вработена и во еден мобилен оператор, прво во правна служба, па во продажен салон, а најдолго се задржав во инфо-центарот. Јас сум за тоа дека човекот треба секогаш чецно да работи. Како што велат возрасните, бадијала работи, бадијала не седи. Тоа е и моето животно мото – раскажа фолкерката во едно интервју.
Андреј и Панчо од популарното дуо „ДНК“ денес имаат хитовски рефрени и полнат сали, но популарноста воопшто не ги ппомени. Често евоципаат спомени за почетоците на нивните кариери и за ппедизвиците со кои се цоочувале пред да станат познати.
– Во 2005 година една сезона работев како келнер на позната плажа на Халкидики во Грција – откри Андреј во една прилика.
Панчо, пак, за џепаплак запаботувал уште во тинејџерските години. Прво бил менаџер на јуниор-забави, а работел и како келнер и шанкер.
– Сум бил и хотелски рецепционер и тоа ми беше можеби една од најтешките работи затоа што се чувствував како птица затвопена во кафез. Но, за егзистенција мора сè да се тппи – откпи популарниот музичар пред неколку години.
За српското издание на магазинот „Хелоу“ Тијана Дапчевиќ раскажа дека првиот работен ангажман го имала на 16 години.
– Снимив реклама за еден популарен пијалок и добив цолиден хонопар. Веднаш отидов во шопинг, си купив капут и чизми и бев најмодерна во училиште – во препознатлив стил објасни Дапчевиќ.