Францускиот астролог, роден како Мишел де Нострадам, се запиша во историјата со својата книга Les Prophéties – збирка на предвидувања објавена во 1555 година.
Иако англиското издание брои само 179 страници, многумина ги толкуваат неговите зборови како прогнози за современи настани.
Некои го сметаат за гениј, додека други мислат дека неговите пишувања се намерно нејасни.
Додека 2024 година не заврши, има уште три големи предвидувања што наводно треба да се случат – затоа останете во тек.
Еве пет предвидувања за 2025 година, од кои некои ќе ве шокираат, според The Standard.
Војна во Англија и враќање на чумата
Нострадамус предвидел дека Обединетото Кралство ќе се соочи со голема чума и огромна војна, пишувајќи:
„Кога луѓето од европските земји ќе ја видат Англија како го поставува својот престол зад себе. На нејзините страни ќе има сурови војни. Кралството ќе биде одбележано од војни толку сурови, што непријатели ќе се појават однатре и однадвор. Една голема чума од минатото ќе се врати, без поопасен непријател под небесата.“
Ова е последното нешто што му е потребно на светот во овој момент.
Конфликт во глобалната политика
Астрологот предвидува дека „големите сили ќе се судрат“, што некои го поврзуваат со актуелните политички тензии и заканата од нуклеарна војна.
Тој наведува дека ќе има „намалување на влијанието на западните земји и подем на нови светски сили“.
Но, не е сè толку мрачно, бидејќи Нострадамус исто така забележува „значителни подобрувања во превенцијата и лекувањето на болести“.
Крај на војната меѓу Украина и Русија
Војната меѓу Украина и Русија, која ескалираше со руската инвазија во февруари 2022 година, според предвидувањата, ќе заврши.
Нострадамус пишува: „Преку долга војна, целата армија ќе биде исцрпена, така што нема да најдат пари за војниците; наместо злато или сребро, ќе започнат да коваат кожа, галски бакар и полумесечински знак на Месечината.“
Некои мислат дека споменувањето на „полумесечинскиот знак на Месечината“ и „галски бакар“ укажува на вмешаност на Франција и Турција во решавањето на конфликтот.
Крај на светот
Не изгледа дека ќе можеме да уживаме во добрите вести, бидејќи Нострадамус исто така предвидува огромен астероид кој ќе го уништи светот, ПОВТОРНО како и секоја година нели
„Од космосот ќе се крене огнена топка, предвесник на судбината, светот ќе моли. Науката и судбината во космички танц, судбината на Земјата, втора шанса,“ пишува тој.
Катастрофа во Амазон
Освен крајот на светот, астрологот предвидува и вулкански ерупции и поплави во Бразил, како резултат на климатските промени.
„Градината на светот близу новиот град, по патот на шупливите планини: Ќе биде запленета и потопена во кадата, принудена да пие вода затруена од сулфур,“ вели тој.
Подем и пад на „Аквамен“
Конечно, предвидувањето за „мистериозен лидер“ кој ќе создаде „водено царство“.
На крајот, можеби не треба да ја исклучуваме можноста за враќање на „Фрозон“ ако успее да го најде својот „суперкостум“.