Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко завчера одговораше на прашања на новинар на „CNN“.
Новинарот го праша Лукашенко дали продолжува да ја поддржува Русија во однос на Украина и потсети на заканата од САД дека ќе има последици доколку инвазијата на Украина се изврши од територијата на Белорусија.
-Дали уште верувате дека оттука ќе ја нападнеме Украина или, како што вели народот, се онесвестивте?
Репортерот на Си-Ен-Ен одговори дека тоа е ставот на САД.
– Тоа е официјалниот став на вашата влада, а ова се официјалните маневри на Белорусија и Русија. Тоа е дел од нашиот договор, практично имаме единствена армија. И тоа е нашиот официјален став и ве молам да го почитувате нашиот став, како што ние го почитуваме вашиот. На крајот на краиштата, што правиш овде илјада милји подалеку од вашата земја? Вашите специјални сили се во Украина. Војската ви е во Полска, Литванија, Летонија, Естонија… Што правите илјада километри од дома?, праша Лукашенко.
Тој објасни дека поради тоа Американците немаат право да приговараат до Белорусија и Русија.
– Нема наши војници во Канада и Мексико. Затоа, бидете спокојни, рече Лукашенко.
Тој го повика Западот да признае дека направил грешка, тврдејќи дека Русија ќе ја нападне Украина.