Италијанскиот музичар и пејач на бендот „Манескин“, Дамијано Давид постигна голем успех пред две години со победата на евровизиската песна „Zitti e buoni“.
Оваа песна стана вистински светски хит, а Давид за кратко време стекна милиони фанови. Ексцентричниот уметник е исклучително популарен и на социјалните мрежи, а само на Инстаграм го следат над пет милиони луѓе.
Сепак, неговите последни објави изненадија многумина, а некои дури и се загрижија. Тој важеше за голем заводник, но последните фотографии покажуваат дека од тоа не остана ништо.
Што се случи со овој лик во рок од три години, шокирана сум“, се дел од коментарите под фотографиите.
На никого не му е точно јасно што му се случило на Дамијано, а некои сметаат дека главен виновник е дрогата, додека други сметаат дека се работи само за поинаков имиџ бидејќи Дамјано неодамна си ја скрати косата.