Српска блогерка на „Тик ток“ го пренесува нејзиното искуство при посетата на Охрид и кажува што сè може да се купи таму за 10 евра.
“Што може да се купи за 10 евра во Охрид? За почеток можете да купите мини крофни кои чинат 1,30 евра, а потоа печена или варена пченка за 1,60 евра. Потоа можете да се качите во такси-чамец и да пловите преку Охридското Езеро за пет евра и магнет за фрижидер кој чини едно евро, а на крајот шолја еспресо за едно евро и десет центи, вели таа.