Нумеролозите тврдат дека денот на раѓањето, без разлика на месецот и годината, може да го опише нашиот карактер и поглед на светот.
За оние родени на првиот ден: Околината ве гледа како лидер. Вие имате претприемнички дух, храбри сте и способни. Самодовербата ви помага да се соочите со сè и со сешто, но тврдоглавоста ви прави проблеми – сакате се да биде по ваше и не се покорувате никому. Иако изгледате љубезно и смирено, не се грижите за околината и сте самодоволни. Дури може да се каже дека не сакате никого.
За родените на вториот ден: Другите ве ценат како идеален соработник и партнер. Вашата оригиналност лежи во пронаоѓањето на најдобриот начин за спроведување на туѓите идеи. На прв поглед делувате на кариерист, но всушност сте несебични, нежни и чувствителни, па околината често ве искористува.
За родените на третиот ден: За вас се вели дека сте слаткоречиви, шармантни, сестрани, духовити. Вашата популарност е доволно голема што секое општество ве прифаќа, а вие се трудите да бидете во центарот на вниманието. Иако сте сакани, не постигнувате ништо посебно во животот бидејќи вашите квалитети се трошат на глупости.
За родените на четврти ден: Околината ве смета за сигурна личност. Ова е веројатно затоа што сте дискретни, практични и креативни во исто време. Неуморно работите за доброто на сите и сте успешни во речиси секој бизнис. Можете дури и духовно да се воздигнете.
За оние родени на петти ден: Склони сте кон магија, вечно сте опкружени со љубов, но имате немирен и непостојан дух. Работите брзо и ефикасно, сакате промени и сте брилијантен говорник. Бидејќи сте темпераментни, уметноста ви прилега, но не можете да останете никаде долго. Постојано брзате да запознаете нешто ново. Многу сте чувствителни, но и неодговорни, иако сте прилично самокритични.
За родените на шестиот ден: Другите ве земаат за пример. Верувате дека љубовта може да победи сè, дека хармоничниот живот и работа се најважни во човечката заедница, а домот и семејството се најголемата светост. Постојано се борите да докажете дека вашите идеи се во право, обожавате да ги правите среќни луѓето околу вас, секогаш сте расположени да направите се што можете и уште повеќе, а постојано учите и стекнувате искуство. Добивате нова мудрост од секое искуство.
За родените на седми ден: Сите знаат дека сте мирни и сериозни, но ретко кој ве познава. Не ги покажувате своите чувства, а премногу сте сериозни за некој да ве испровоцира. За вас духот е над се, па често се посветувате на мистицизмот.
За родените на осми ден: Организатор сте на семејството или општеството и лесно воведувате ред, а вешти сте и со парите. Често се жртвувате за другите, земјата и работата ви се свети, но и со задоволство им помагате на луѓето кои малку ги познавате.
За родените на деветти ден: Широкогради сте, тоа е општо позната работа. Обично сте истражувач, поет и секогаш стекнувате богати искуства и топло ги споделувате со другите.
За родените на десеттиот ден: Сите Ви се восхитуваат и Ви завидуваат. Успевате да ги насочите настаните околу вас, да ги менувате и предизвикувате. Ги терате другите да веруваат во невозможното, а потоа невозможното го остварувате. Умеете да го промените грдото во убаво, злото во добро, омразата во љубов и сето тоа го правите со многу оптимизам.
За родените на единаесеттиот ден: Многумина ви се обраќаат како на лидер. Привлечни сте, имате големи идеи и сте свесни сте за вашите моќи. Прекрасната енергија што ја поседувате ве издигнува над животните проблеми. Често сонувате, но соништата ви служат за предвидувања – оживувате сè што ќе допрете.
За родените на дванаесеттиот ден: Околината ве смета за шармантна личност. Имате високи морални принципи, ги сакате сите луѓе, а луѓето ви веруваат и речиси ве обожаваат. Поседувате привлечност, ја спроведувате правдата на секој начин и едноставно се наметнувате на општеството. Вие сте авторитет уште од детството.
За оние кои се родени на тринаесеттиот ден: Се чини дека сте грдо пајче. Во детството и младоста ништо не те интересирало, сте биле мрзливи. Со текот на времето сте сфатиле дека имате талент за многу области, пред се уметност и сте почнале да работите. Колку сте поупорни, толку повеќе ќе го промените грдото во убаво, мрзливото во вредно. Можеби за многумина ќе бидете пример, па дури и лидер.
За оние родени на четиринаесеттиот ден: Другите ве сметаат за личност која секогаш ја зборува вистината. Не можете да поднесете лагa, колку и да е добронамерна. Често сте гласник или проповедник на идеи, вешт критичар сте и секоја работа ја вршите како што треба. Вашиот дух е силен, а вашата имагинација е креативна. Често патувате и менувате партнери, малите и слатки задоволства се нешто од кое тешко се ослободувате.
За родените на петнаесеттиот ден: Вие сте човек којшто секогаш чувствува одговорност. Колку и да сте професионални на работа и добар домаќин дома, Ви се чини дека не е доволно. Желбата да помогнете често ви пречи на вас самите. Работите во областа на право, финансии или образование, можеби затоа што сте добар говорник. Убавината ви е важна и постојано барате баланс помеѓу сензуалното и екстрасензорното. Упорни сте, трпеливи, малку тврдоглави и така постигнувате успех, но се чини дека ниту вие, ниту оние околу вас не сте целосно задоволни со тоа.
За родените на шеснаесеттиот ден: Мислењето за вас зависи од луѓето кои ве опишуваат. Вие сте духовити, но и нетактични. Вешти, но и непромислени. Внимателен, но и фаталист. Не можете да ја поднесете глупоста. Не поднесувате лидери, иако доминирате во ситуацијата, но тоа го правите ненаметливо и се однесувате скромно. Ги привлекувате луѓето како магнет, но и лесно се повлекувате во себе. Депресијата може да биде вашата честа состојба.
За родените на седумнаесеттиот ден: Ве краси чиста амбиција. Кога навистина се обврзувате кон нешто, можете да остварите што сакате. Вие сте мудри, храбри и духовити. Понекогаш сте толку препотентни што никој не ве разбира. Вашата амбиција е секогаш во служба на општите интереси, но се чини дека другите не се во состојба да ја сфатат. Често се повлекувате во себе бидејќи сте слаба и длабоко чувствителна личност.
За оние родени на осумнаесеттиот ден: Вие сте дел од природата. Сè во природата ве привлекува – и флората и фауната и природните закони. Тивки сте, повлечени, скромни, се восхитувате на ситници, полни сте со дух и топлина. Иако им помагате на луѓето, често сте погрешно сфатени. Премногу сте енигматични за окол ината и тоа ве прави несреќни.
За оние кои се родени на деветнаесеттиот ден: Вие сте вистински чекач. Често делувате незаинтересирано и како да ги одолговлекувате работите, но тоа воопшто не е така. Сè разгледувате темелно, упорни сте и трпеливи додека конечно не донесете одлука. Кога тоа ќе се случи, знаете да побрзате кон целта, без оглед на сите можни последици. Имате дарба за разни уметности, се занимавате со окултизам, тивки сте и чувствителни. Имате убав збор за сите.
За оние родени на дваесеттот ден: Мислат дека живеете во стил на „лесно оди“, но тоа не е баш така. За погрешна проценка придонесува тоа што сте постојано насмеани, полни со топлина, постојано во движење, а не премногу верни во љубовта. Со нетрпение го очекувате животот и секој негов ден. Од друга страна, со задоволство се справувате со нерешливите проблеми со многу самодоверба.
За родените на дваесет и првиот ден: Бидејќи имате магичен број, тогаш јасно е дека сте наклонети кон сите тајни учења. Често ќе ги менувате наставниците и на крајот сами го избирате својот пат. Важна ви е внатрешната рамнотежа, но и надворешната, со еден збор, рамнотежата помеѓу материјалното и духовното. Љубовта ја сметате за најголема магија и длабоко верувате во неа.
За родените на дваесет и вториот ден: Неодлучноста е типичен збор за вас. Сите работи на духот ве збунуваат, сите промени ве плашат, а секое одлучување го одложувате на неодредено време. Предодредени сте за природните науки и лесно стекнувате пари. Домот и семејството ви се свети, но во исто време и место каде што бегате од обврските.
За родените на дваесет и третиот ден: Ќе ве опкружуваат славата и зависта. Предодредени сте за големи потфати и ве очекува слава. Ниту материјалните проблеми, ниту несреќите во љубовта, ниту зависта на другите нема да ви го одвлечат вниманието. Иако однадвор сте силни, внатре имате нежен карактер, како и голема љубов кон убавите работи.
За родените на дваесет и четврти ден: Околината е сигурна дека сте забавна личност. Доколку не сте пејач или актер, тогаш сигурно е дека сте голем љубител на естрадата. Се што е поврзано со забава ве привлекува, ви се допаѓа лесниот живот и постојано се надевате на голем успех. Можни се разочарувања, па често сте депресивни и раздразливи.
За оние родени на дваесет и петтиот ден: Луѓето околу вас мислат дека сте истражувач. Барате не само околу себе, туку и во себе. Целиот ваш живот е потрага по вистината и убавината. Во себе наоѓате сила, имате жива имагинација и љубов кон уметноста. Иако барате, не им го давате на другите тоа задоволство. Никој не ве познава затоа што сте целосна загатка. Разочарувањата се чести, но вие живеете за идеали. Ќе најдете сила да се борите за подобар свет. Окултните учења се составен дел од вашето внатрешно јас.
За оние родени на дваесет и шестиот ден: ВИЕ сте олицетворение на енергијата. Возбудени сте поради големите идеи и настани и дефинитивно треба да бидете дел од нив. Имате голем број добри особини: љубезни сте, витални и друштвени, ги цените математиката, физиката и мистичните науки и сакате да помагате и да соработувате со сите. Богатството е во давање – ова го повторувате во текот на животот, градејќи благосостојба за целото општество, но пред се за вашето семејство.
За родените на дваесет и седмиот ден: Околината мисли дека недоволно ги искористувате вашите можности. Вие сте паметни, сакани и емотивни. Способни сте да се занимавате со уметност, патувања (најмногу мориња), но и егзактни науки. Сакате магија, но и телевизијата е мистична за вас. Сè може да ви се случи во животот, но финансиски стабилен живот ќе можете да постигнете дури во втората половина од животот.
За родените на дваесет и осмиот ден: Сите ве прифаќаат како лидер, но претераната независност може да ве одведе на погрешен пат и да ја изгубите почитта и љубовта од најблиските. Вашите позитивни квалитети се креативност, оригиналност, способност за организирање, силен дух, енергија, упорност, самоиницијативност. Умеете да ја свртите и најлошата ситуација, а особено ви одговараат физиката, хемијата, математиката, биологијата и географијата.
За оние родени на дваесет и деветтиот ден: спонтано добивате ценетост, како да поседувате некоја магична моќ. Размислувате со глава, ги разбирате луѓето околу вас и ја сакате соработката. Брзо успевате да го забележите најдоброто кај другите луѓе и да го користите за општо добро. Знаете малку да ја подигнете тензијата, па умереноста не би ве повредила.
За оние родени на триесеттиот ден: Премногу сте внимателни и нежни. Толку многу ги сакате вашите најблиски што знаат да го искористат тоа, на голема несреќа. Ако се додаде дека не се грижите за своето здравје, се е јасно. Приврзани сте за семејството, размислувате со срце, ја обожавате уметноста и ви требаат пријатели. Имате магнетна моќ, но се чини дека не ја користите.
За оние кои се родени на триесет и првиот ден: Вие сте вистинска креативна личност – сè што правите ќе биде добро направено, особено ако се здружите со вистинските луѓе. Совесни сте, но малку се грижите за себе. Правилно размислувате и сакате да го проверувате вашето рсзмислување преку соработка со други луѓе.