Оливера Балашевиќ ги избриша од Инстаграм сите фотографи на нејзиниот покоен сопруг Ѓорѓе Балашевиќ.
-Оливера Балашевиќ ги отстрани сите споделени фотографии од својот инстаграм-профил со Ѓоле“, пишува порталот „НС хроника“.
Она што посебно ги збуни почитувачите на ликот и делото на легендарниот пејач е отстранувањето и на сите снимки посветени на нејзиниот покоен сопруг – од видеото од збогувањето на кејот во Нови Сад до епизодата „Државна работа во чест на саканиот кантавтор“
Инаку, претходно Оливера ја забрани и работата на „Балашевиќ трибјут бендот“.
Ѓорѓе Балашевиќ почина во февруари годинава, три месеци пред својот 68 роденден, од пневмонија.