Келнерите во еден ресторан во Охајо го добија божиќниот подарок на кој најмалку се надеваа, а тоа беа дури 5.600 американски долари бакшиш што им ги остави еден задоволен клиент.
Гостинот, кој сакаше да остане анонимен, вечераше во медитеранската кујна Souk во Толедо на 12 декември, кога им остави бакшиш на сите 28 вработени, вклучително и на оние кои не работеа тој ден. По поделбата, секој член на персоналот зеде по 200 американски долари.
-Имаше многу солзи. Ова е навистина нешто големо за нас, – изјави Муса Салак за CNN.
Инаку, претходно неколку вработени не можеа да си дозволат новогодишна елка или празнични подароци за своето семејство поради тешката ситуација предизвикана од пандемијата.
-Прекрасно е да се направи вакво нешто за 28 странци, – рече Салак, кој го отвори својот ресторан во октомври 2019 година, не знаејќи дека само неколкумина месеци подоцна мора да бидат затворени поради падемијата.