Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на вирусот Ковид-19 за пандемија, дополнително додавајќи ја на сериозноста на инфекцијата со новиот коронавирус.
Додека епидемијата е термин што означува брзо ширење на заразна болест кај голем број на луѓе во текот на мал временски период, пандемијата е повеќе како географски маркер, што треба да укаже на тоа дека болеста се проширила низ голема област.
Самиот збор „пандемија“ е изведен од грчките зборови „pan“ (сите) и „demos“ (луѓе), што му дава и лингвистичка тежина на терминот.
Распространетата болест во која бројот на заразени лица е стабилен и не се зголемува не спаѓа под пандемија. Затоа, сезонската појава на грип, иако влијае на голем број луѓе ширум светот, не се смета за пандемија.
Исто така, болеста мора да биде и заразна со цел да се прогласи за пандемија. Тоа што е широко распространета и одзеде многу животи, не се единствените критериуми.
На пример, карциномот е одговорен за исклучително голем број на смртни случаи секоја година и е распространет низ целиот свет, но не може да се смета за пандемија затоа што не е заразен.
Инаку, прогласување пандемијата би значело дека забраните за патувања веќе нема да бидат корисни или да имаат смисла и тоа би ги предупредило здравствените органи да се подготват за следната фаза – подготовка на болниците, собирање залихи на антивирусни средства и советување на јавноста околу социјалното дијагностицирање.
Кога досега била прогласена пандемија?
2009 година поради свинскиот грип
1981 година поради ХИВ
1918 година поради шпанската грозница
1870 година поради големите сипаници
1347 година поради бубонската чума.