10-годишната Џулија Батерс која глуми во филмот “Once Upon A Time in Hollywood” претпоставила дека нема да се најаде на овогодишното доделување на Оскарите. Кога слушнала дека менито во Долби театарот ќе биде веганско, малата актерка не била задоволна, па спакувала ужинка за полесно да ја помине повеќечасовното доделување на наградите.
„Не ми се допаѓа храната која ќе биде овде“, едноставно објаснила Џулија за време на разговорот со новинарите кои ги интересираше што таа носи во торбата.
Инаку, Батерс носеше чанта од модната куќа Марзук, вредна 2.500 долари, додека нејзината облека е дизајнирана од Кристијан Сиријано.