„Во неделата рано наутро, се упатив на универзитет за предавање кога ме пресретна група девојки што бегаа од студентскиот дом. Ги прашав што се случува, а едната ми рече дека полицијата ги евакуирала затоа што Талибанците пристигнале во Кабул и дека ќе ја претепаат секоја жена која не носи бурка“, изјави неименувана студентка од Кабул за Гардијан, опишувајќи го моментот кога вчера Талибанците ја освоија авганистанската престолнина.
– Сакавме да одиме во нашите домови, но не можевме да користиме јавен превоз. Возачите не сакаа да не пуштат во нивните автомобили, бидејќи не сакаа да преземат одговорност за превоз на жени. Беше уште полошо за девојките од домот, кои живеат надвор од Кабул. Тие беа преплашени и не знаеја каде да одат.
Во меѓувреме, мажите што стоеја наоколу ги исмејуваа, смеејќи се на ужасот.
„Оди облечи си ја бурката“, ни викна еден.
„Ова е вашиот последен ден на улица“, рече друг.
„Ќе ве оженам четири во еден ден“, додаде третиот.
Владините канцеларии беа затворени, а сестра ми трчаше со километри за да стигне до другата страна на градот до нејзината куќа.
– Го исклучив компјутерот со чија помош им служев на моите луѓе четири години. Со солзи ја напуштив канцеларијата и се збогував со колегите. Знам дека ова беше мојот последен ден на работа – рече таа, пренесува Јутарњи.
Речиси во исто време, дипломирав на двата најдобри факултети во Авганистан. Во ноември требаше да дипломирам на Американскиот универзитет во Авганистан и Универзитетот во Кабул, но утрово сето тоа ми се сруши пред очи.
Во Талибанците, инаку, на девојчињата од осумгодишна возраст им е дозволено да читаат само Куран.
Сокривање документи
Работев толку денови и ноќи за да станам личноста што сум денес, и утрово, кога конечно се вратив дома, првото нешто што го направивме јас и сестрите ми беа да ги скриеме личните, дипломите и сертификатите. Тоа е поразително. Зошто би криеле работи со кои треба да се гордееме?
Во Авганистан, веќе не смееме да бидеме тоа што сме.