Третата доза повторно предизвикува загриженост кај луѓето: Дали ќе донесе несакани нуспојави и дали тие ќе бидат потешки или поблаги од веќе доживеаните? Еве што треба да знаете за симптомите што можеби ќе ги почувствувате по третата вакцина.
Во повеќето земји каде е воведено довакцинирање со трета доза, засега се вакцинираат имунокомпромитираните лица (со ослабен имунитет). Лекарите посочуваат за израелското искуство со третата доза, откако со неа се вакцинираа повеќе од два милиони луѓе, особено оние над 60 години. Израелската студија покажа дека по третата доза од вакцината, имунитетот значително расте, а ризикот од заболување е 11 пати помал. Третата доза на вакцината може да се прими од четвртата недела до девет месеци по втората доза, беше соопштено на конференцијата.
Какви нуспојави можеме да ги очекуваме по третата доза на вакцината?
Без разлика дали ја примате третата доза на вакцина против ковид-19 поради ослабен имунитет или само како дополнителна вакцина за веќе примената, најверојатно можете да очекувате слични нуспојави, а можеби и помалку, оние што сте ги имале по првата или по втората доза на вакцината, објаснија инфектолозите од Универзитетот Вандербилт.
Нема индикации дека се очекуваат потешки нуспојави од оние што сме имале можност да ги почувствуваме претходно, она што е јасно дека тие не би требало да бидат потешки.
Од Универзитетот Џон Хопкинс се согласуваат, додавајќи дека нуспојавите најверојатно ќе бидат слични на оние што веќе им се познати на повеќето луѓе. Ако не сте почувствувале многу по втората доза, имајте го ова на ум, бидејќи и третата доза веројатно нема да биде полоша. Можеби ќе имате и помала реакција, бидејќи поминало многу време помеѓу втората и третата доза. Но, имунолошкиот систем може да биде малку „изморен“.
ЦДЦ наведува дека реакциите пријавени по третата доза на мРНА вакцината се многу слични со оние по првата или втората, а најчестиот симптом, додаваат тие, може да бидат замор и болка на местото на убодот. „Фајзер“ понуди малку повеќе информации на својата веб-страница за споменатата трета доза. Апликацијата што ја нудат вели дека нуспојавите по оваа вакцина се многу слични со оние по втората доза, а вклучуваат:
– Црвенило и оток околу местото на убодот
– Замор
– Главоболка
– Болки во мускулите и зглобовите
– Треперење
„Фајзер“, исто така, во извештајот за медиумите го појасни истото, наведувајќи дека нуспојавите може да бидат слични или дури и поблаги од оние што се појавиле по втората доза.
Како можете да ја планирате третата доза?
Има многу стручни совети за тоа дека би требало да се „одморите“ по втората доза на вакцината против ковид-19, а лекарите се согласуваат дека ова не е толку лоша идеја кога станува збор за третата вакцина, заради безбедност.
Важно е да си дадете малку време по вакцината, не планирајте ништо големо денот откако ќе ја примите дозата, советуваат од Џон Хопкинс. Од таму наведуваат дека може да очекувате слична реакција како по втората доза на мРНА вакцината и какво и да било тоа искуство, користете го како образец за дополнителната вакцина за сѐ паметно да организирате.