Украинка вчера застанала пред двајца тешко вооружени руски војници и ги прашала што прават во нејзината земја. Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.
„Што бараш во нашата земја? таа му се развика на војник во пристанишниот град Хеническ на Азовското Море додека тој се обидуваше да ја смири. Таа замина, а потоа се врати и му рече:
„Треба да ставите семки од сончоглед во џебовите за да растат на украинска почва откако ќе умрете“, изјави таа за Daily Mail.
Жената стана сензација на Твитер, а повеќето ја пофалија за „необичната храброст“ и изразија поддршка за неа.