Директорката на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство во Белград, д-р Јелена Беговиќ преку РТС испрати порака до сите оние кои по вакцинацијата го провериле нивото на антитела и утврдиле дека ги немаат.
– Ако по вакцинацијата се утврди дека немате антитела тоа не значи дека не сте заштитени. Многу луѓе ја помина короната, а воопшто немаа антитела. Многу често се случува по вакцинирањето да немата антитела. Покрај антитела постојат и клетки кои го штитат нашиот организам од инфекција. Мал е бројот на популацијата кај кои вакцинацијата нема да ги имунизира, а тоа е еден мал, многу мал процент – изјави д-р Беговиќ и додаде дека имунитетот зависи од генетиката.
-Сите генетски сме различни. Секој од нас има некои свои симптоми и тешко е да се најдат барем двајца што на ист начин ја поминале короната. И нашата генетика е различна и создава различен имунитет. Го формираме така што доаѓаме во контакт со разни предизвици. Нашиот организам тоа го памти и на таа основа секој човек има свој специфичен имунитет – истакна докторката.