Хана Литл предавала на колеџот Бристол во последните неколку години, но не била задоволна со својот живот.
Имала премногу работни места и обврски, па решила да даде отказ. Бидејќи има докторат по комуникациски науки, не ѝ требало долго време да најде нова работа на универзитетот.
Таа се одлучила за понуда од Универзитетот за медиуми и комуникации во Ливерпул.
Знаела дека вработените во локалната образовна институција планираат наскоро да штрајкуваат, а на социјалните мрежи порача дека планира да им се придружи на колегите во борбата за подобри услови за работа уште од првиот ден.
– Денеска ми е прв работен ден, но штрајкувам за работничките права. Малку ми е непријатно, но… – изјавила Литл која преку социјалните мрежи ги повикала своите следбеници да донираат пари за професорите и другите кадри кои се нашле во финансиски проблеми.
– Не сум во такви проблеми, но познавам многумина чии финансии се уништени од оваа пандемија – додаде таа.
Наводно штрајкот е поддржан од некои студенти, а кога новинарите на британски Експрес се обиделе да стапат во контакт со др. Литл, таа одбила да го коментира случајот.
Под нејзините објави имало куп коментари. Некои ја фалат за нејзината упорност, но има многу кои пишуваат дека со задоволство би ѝ дале отказ.