Раиса Белини поминала пет години работејќи како стјуардеса на ексклузивни јахти кои крстареле низ најпрестижните дестинации на Медитеранот. Сепак, како што тврди, во моментот кога брегот ќе исчезне од видик, исчезнуваат и одредени граници.
Денес, со повеќе од 600.000 следбеници на Инстаграм, Раиса вели дека животот под палубата бил многу покомплициран отколку што изгледа на совршените фотографии од социјалните мрежи.
„На море некои мажи мислат дека правилата не важат за нив“, рекла Раиса, која секоја година работела од април до октомври на дестинации како Италија, Шпанија, Грција, Турција и Ибица.
„Како својот вистински живот да го оставаат на брегот. Одеднаш, бурмата на раката станува само украс.“
Иако на фотографиите сè изгледа гламурозно, таа тврди дека реалноста често била напорна. Екипажот живеел и работел во тесен простор, среде отворено море, опкружен со моќни и богати гости.
„Кога сте среде океан, немате каде да одите“, објаснила таа. „Не можете едноставно да си заминете дома. Вие сте на нивниот брод. Тоа целосно го менува односот на моќ.“
Според нејзините зборови, одредени гости на море се однесувале сосема поинаку отколку на копно.
„Во јавност се сериозни, префинети, семејни луѓе. Но таму, далеку од брегот, некои се обидуваат да ги тестираат границите.“
Како што изјавила за „The Sun“, сопругите во тие моменти често биле на друг дел од јахтата, а атмосферата се менувала.
„Одеднаш се појавуваа долу каде што работев. Делеа комплименти, стоеја преблиску, се обидуваа да ја поместат границата.“
Раиса тврди дека членовите на екипажот уште од првиот ден добивале јасно предупредување – за сè што ќе видат, мора да молчат.
„Веднаш ви велат: она што се случува на јахтата, останува на јахтата. Држете го јазикот зад забите и не правете проблеми.“
Сепак, зад професионалната насмевка, признава дека имало моменти кога воопшто не ѝ било пријатно.
„Се случуваше да се надевам дека некој колега од екипажот ќе влезе во просторијата. Се насмевнувате, останувате професионални и во себе ги броите минутите.“
Сепак, таа нагласува дека не биле сите гости такви и дека некои биле вистински џентлмени. Но оние кои сакаат внимание, на море стануваат уште похрабри. Како океанот да им дава самодоверба што ја немаат на копно.
Раиса верува дека голема улога во тоа има изолацијата на животот на јахта.
„Кога сте опкружени со море, луксуз и забави, реалноста изгледа многу далеку. А кога реалноста изгледа далеку, луѓето покажуваат какви се навистина.“
По пет години поминати меѓу милијардери и нивните луксузни јахти, Раиса одлучила да го напушти тој свет и да се посвети на градење сопствен бренд на социјалните мрежи.
