Два месеца, штипјанката Драгица Панова пред Фондот за ПИОМ не може да докаже дека е жива. Нејзината бизарна приказна, започнува со смртта на нејзиниот сопруг, на почетокот на годинава, кога и неа ја заведуваат како мртва.
Панова е без пензија од јануари, а сите нејзини обиди да најде решение преку институциите се залудни.
Својата приказна штипјанката ја споделува со локалната ТВ Стар телевизија: