Шпанскиот Сенат ќе гласа од дома за Македонија да станe полноправна НАТО членка. На 17-ти март ќе има специјана пленарна седница во Мадрид и за прв пат ќе биде овозможен систем на електронско гласање преку компјутерска мрежа.
Сите сенатори ќе гласаат од дома и нема да бидат физички присутни во Сенатот, вели сенаторот Jose Cepeda во изјава за тв 24. Корона вирусот нема да го одложи гласањето во шпанскиот парламент, на протоколот за влез на Македонија во НАТО.
Синоќа информацијата на социјалните мрежи ја сподели шефот на дипломатијата, Никола Димитров. Тој на Фејсбук-напиша:
„ Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО! Со ратификацијата во Шпанија, завршува процедурата за македонското членство во Алијансата. На почетокот на Април се очекува со церемонија да биде одбележано полноправното членство.