Шпанскиот фудбалер, Сеск Фабрегас на социјалните мрежи сподели радосна вест поврзана со неговата 95-годишна прабаба која успеала да се излекува од коронавирусот. Со тоа таа претставува феномен од медицински ранг како една од најстарите личности кои успеала да го победи опасниот вирус.
Фудбалерот на француски Монако им се заблагодари на докторите и сестрите кои им помагаат на сите заболени од Кобид 19 ширум светот.
„95 години и го победи коронавирусот. Вчера нејзините тестови беа негативни. Мојата прабаба е суперхерој, но ништо од ова немаше да биде возможно беше помошта на сестрите и докторите кои им помагаат на сите луѓе. Огромна почит до сите нив за она што го прават преку ден и ноќ, голема благодарност“ напиша Фабрегас на Инстаграм постирајќи фотографија од својата прабаба.
https://www.instagram.com/p/B_kI71ulxNr/?utm_source=ig_web_button_share_sheet