Појавувањето на политичарка од крајно десничарската партија Вокс која носеше никаб во регионалниот парламент на Мурсија, Шпанија, предизвика сензација, кратко пред клучното гласање за забрана на таква облека на јавни места, пренесува Аустгралијан.

„Протестниот чин“ на Вирџинија Мартинез, кој се совпадна со обидот на нејзината партија да воведе забрана за бурки и никаби во регионот, предизвика непосредна реакција од претседателката на парламентот, Миријам Фуертес, која ѝ забрани на Мартинез да зборува додека ја носи облеката.
Иако предлогот на Вокс на крајот беше отфрлен од регионалните пратеници, Мартинез ја искористи оваа „интервенција“ за да привлече внимание од медиумите и да ги промовира ставовите на нејзината партија. Пратеничката објави видео од нејзиното влегување во парламентот на Мурсија на социјалните мрежи, нагласувајќи дека, исто како што на политичар му е забрането да зборува во регионалното законодавно тело со покриени црти на лицето, истото треба да важи и за јавните простори во Мурсија.
Откако го симна никабот и ѝ беше дозволено да зборува, Мартинез ја даде следнава изјава во парламентот: „Среќни сме што овие облеки не се дозволени бидејќи, по 50 години демократија, гледаме како жените сè уште се принудени да живеат во затвори од ткаенина, што не е знак на слобода за која било жена во општеството. „Затоа сме среќни што не им е дозволено да бидат во овој парламент, но не треба да им биде дозволено на кое било јавно место во регионот.“
