Пекара во шпанскиот град Ла Банеза деновиве е најпосетуваното место во градот, откако менаџерите на локалот соопштија дека во една од тортите се кријат 10 илјади долари.
Се работи за традиционална награда, која оваа пекара ја практикува 11 години во низа. Прималивата сума е скриена во новогодишна овошна торта, позната меѓу Шпаниците како Роскас де рејес.
Минатогодишен добитник било 8-годишно болно девојче, кое тортата ја купило од болница преку интернет. Овој обичај, пекарата го почнала во 2008-ма година, кога во наградата изнесувала 500 евра и оттогаш сумата постојано растела.