Келнерката од Шпанија по име Ракел сподели видео на нејзиниот профил на TikTok кое стана вирално, покажувајќи трик што го користи за да обезбеди клиентите да ѝ остават поголем бакшиш – без тие да знаат.
Келнерката, која редовно споделува корисни совети за келнерите и ги раскажува своите искуства на работа, објасни дека сето тоа е поврзано со кусурот што келнерите им ги враќаат на клиентите. Имено, таа препорачува, наместо келнерите да го вратат кусурот, на пример, со паричка од 1 евро, остатокот да го вратат – во центи.
„Не им давајте монети од едно евро и монети од педесет центи, бидејќи тие ги земаат тие монети, но ти оставаат сѐ друго.“, објасни келнерката.
Иако признава дека овој трик не функционира секогаш, бидејќи некои клиенти го преземаат целиот кусур без разлика во какви парички се враќаат, таа тврди дека трикот функционира речиси во сите случаи.
„Затоа секогаш плаќам со картичка“, „Сѐ земам, дури и да ми дадеш кусур во центи“ и „Клиентите веќе ја знаат таа финта, тие што сакаат да ти дадат бакшиш, без разлика ќе ти дадат“, се дел од коментарите.