Познатата шпанска водителка Елза Анка (57) решила по секоја цена да го задржи младешкиот изглед на прагот на седмата деценија. Покрај вообичаените начини, здравата исхрана, вежбањето и понекоја естетска корекција, таа избрала и метод против стареење кој станува сè попопуларен во светот.
Имено, не е тајна дека изгледот на жената со влегувањето во менопауза и падот на естрогенот, почнува да се менува. Елза решила да го спречи тоа така што вградила специјален чип во својот задник.
Чипот постепено ослободува естроген, за кој се верува дека помага во воспоставувањето на хормонална рамнотежа како во младоста. Самата интервенција чини 320 долари, но ретко се зборува за несаканите ефекти.
Како што вели, Елза ефектите од чипот ги почувствувала две недели по неговото врградување, но не онака како што очекувала.
-Ефектите ги забележав после 15 дена. Се чувствуваш малку мртво од струкот надолу, па оживуваш – изјавила таа за шпанската Фокус ТВ, а пренесува британски „Сан“.
Експертите тврдат дека овој чип е ист како и хормонските таблети, само што пациентот не мора да размислува кога треба да ги земе бидејќи чипот постепено и во точно одредена доза ослободува естроген.
Падот на нивото на естроген е најголемиот непријател на жените во позрели години. Студијата спроведена во Австрија откри дека падот на овој хормон во менопаузата може да го забрза процесот на стареење. Овој хормон е важен бидејќи влијае на протеинскиот колаген, кој на кожата ѝ дава еластичност.
Со земањето естроген, било преку таблета или како Елза, со вградување чип, повторно се создава колаген, а тоа влијае не само на кожата, туку и на коските кои го даваат обликот на брадата и јаболчниците. Овој чип делува како хормонска терапија и ги ублажува симптомите на менопауза.
Според д-р Иван Манеро, чипот е како пилула која се става под кожата со сите хормони кои му се потребни на човекот.
Соочувајќи се со менопаузата, многу жени не ги прифаќаат јасните и видливи знаци на стареење, па прибегнуваат кон разни методи за подмладување, а најпопуларни методи се инјектирањето ботокс и хијалурон, како и други естетски корекции.