Поранешната шпанска скијачка и освојувачка на Олимписки медал, 56-годишната Бланка Фернандез Очоа е исчезната и полицијата трага по неа. Шпанската полиција потврди како е организирана потрага по познатата скијачка, која последен пат е видена пред седум дена. Била забележана во предградие на Мадрид додека се возела со своето возило „Мерцедес“ и од тогаш и се губи секоја трага. Возилото е пронајдено, но според извори од полицијата во Мадрид, немаат никакви конкретни докази и сознанија што се случило со Очоа.
Поранешната скијачка станот го напуштила без својот мобилен телефон и во меѓувреме не ги користела кредитните картички. Нејзиното исчезнување го пријавила ќерката Оливиа Фреснеда.
Очоа е првата Шпанка, освојувачка на Олимписки медал, кога во 1992 го освои бронзениот медал на ЗОИ во Албервил. Во периодот меѓу 1980 и 1992 учествувала на четири Олимпијади.
га.