Шпанската кралица Летиција присуствуваше на состанокот на Кралскиот комитет на Советот за попреченост во Мерида, а покрај фустанот, големо внимание привлекоа и нејзините раце.
Таа за ова јавно појавување избрала едноставен, но ефективен црно-бел фустан со потписот на шпанскиот бренд Mango, кој чини околу 66 евра. Заедно со фустанот носеше црн појас и чанта и штикли во иста боја.
Фустанот без ракави откри дека кралицата редовно вежба, а надлактиците предизвикаа бројни коментари. Иако имаше и некои негативни, повеќето ја пофалија за нејзиниот изглед, но уште поважно за нејзиното здравје.
Добила и бројни комплименти што повеќе не ја крие седата коса. Имено, со почетокот на пандемијата, Летиција престана да ја фарба косата, а се чини дека и по отворањето на фризерските салони веќе не може да губи време седејќи на фризерско столче.