Лорена Бланко (37), шпанска бодибилдерка и фитнес шампионка, ненадејно почина. Таа само се срушила во својот дом, а се сомнева дека станува збор за срцев удар. Лекарите брзо интервенирале и ја однеле во болница, но не успеале да ѝ го спасат животот, пренесе таблоидот „The Sun“.
Инаку, Лорена се подготвувала за настап на натпреварувањето во Лас Вегас, најпрестижниот настан во женскиот бодибилдинг.

Лорена станала професионалец во 2023 година, а оваа сезона учествувала на седум меѓународни натпревари. Најголемиот успех го постигнала на „Tahoe Pro“, каде што го освоила 4. место, со што се квалификувала за „Ms. Olympia“. Таа тренирала во „Club Fluvial de Lugo“, под водство на нејзиниот сопруг Иси Боланјос, исто така познат тренер.
Веста за нејзината смрт предизвика бројни реакции во фитнес светот, со пораки за поддршка до нејзиното семејство и апел за повнимателно следење на здравјето на врвните спортисти.
